На почеток


FAQ
(Најчесто поставувавни прашања)

1. Каква документација е потребна за реализација на нов приклучок и каква е процедурата?

2. Што треба за нов приклучок на дивоградба?

3. Што е потребно за времен приклучок?

4. Која е постапката за промена од монофазен во трофазен приклучок?

5. Како се врши одвојување на броило? Дали процедурата е иста како процедурата за нов приклучок?

6. Што преставува стандарден, а што нестандарден приклучок?

7. Колкав е периодот од поднесување на барање до негово реализирање?

8. Што се подразбира под електро-енергетска согласност (ЕЕС)?

9. Каква e постапката за оние кои немаат ЕЕС, а сакаат да го изменат статусот?

10. Каква е постапката за приклучување на приватна трафостаница на дистрибутивната мрежа од која се напојуваат повеќе приватни лица?

11. Доколку корисникот живее во друг град, дали мора да дојде во Скопје или пак може да се контактира електронски или да пријави-поднесе целосна документација во КЕЦ-от каде што живее.

12. Колку е цената за нов приклучок? Дали таа е фиксна?

13. Што е потребно за интервенција на закочено броило/вклопник?

14. Што е потребно за поставување контролно броило?

15. Што е потребно за промена на податоци во сметките за ел. енергија?

16. Што е потребно за повторно приклучување на дистрибутивната мрежа поради неплатен долг?

17. Сметките-фактурите пристигнуваат подоцна, а рокот за плаќање е изминат?

18. Од кој до кој датум се врши отчитување на броилата?

19. (Земајќи во предвид викенд-празник) кога се врши повторното приклучување доколку фактурата за повторен приклучок и сметките се подмирени?

20. Која е цената на фактурата за повторен приклучок за домаќинства/мали бизниси?

21. Дали инкасаторот кој што го чита броилото има обврска да пријави закочено броило?

22. Каде можам да се обратам доколку дојде висока сметка за потрошувачка?

23. Каде да се обратам за дефект на заедничко броило-вклопник за заедничка потрошувачка?

24. Дали треба да ми издадете налог пред да ме исклучите?

25. Дали треба да ме известите пред да го замените броилото?

26. Имам двапати платено иста сметка, што треба да направам?

27. Врз основа на што се извршува промена на тарифен модел домаќинство-индустрија?

28. Како се читаат новите броила?

29. Сменето ми е броилото, зошто не ми свети светилката за скапа/ефтина тарифа?

30. Што е максиграф, како и кога се пресметува?

31. Дали може да платам сметки преку интернет и траен налог?

32. Дали сите броила, вклучувајќи ги и оние од викендиците подлежат на комунална такса?

33. Во кои медиуми има информации за планираните исклучувања?

34. По грешка имам направено уплата на туѓа сметка? Што треба да направам?

35. Врз основа на што се пресметува неовластено користење на времен приклучок?

36. На мојата улица нема/не работи улично осветлување, зошто да ја плаќам с-ката?

37. Дали може во било кој наплатен пункт во Скопје да ја платам сметката без разлика на кој КЕЦ припаѓам?

38. Дали може сметка од викендица/друг град да ми стига на домашна адреса?

39. Зошто не ми е овозможено плаќање на рати на заостанатиот долг?

40. Дали има определен временски рок за приговор на с-ка за ел. енергија?

41. Дали може сметките за ел. енергија да ги плаќам периодично на неколку месеци бидејќи имам викендица во др. град?

42. Зошто за време на празници ел. енергија не се тарифира по евтина тарифа?

43. Колку изнесува казната за неовластено користење?

44. Дали и во кои случаи можам да побарам атест на броило и дали се плаќа услугата?

45. Што се може да се види при отчитувањето на новите броила?

46. Дали броилото треба да биде монтирано од лице на ЕВН или може од страна на приватен електричар?

47. Броилото ми е дигитално, ново, сменето од ваша страна пред година -две и сега повторно дoаѓате и го замнувате со ново. Зошто?

48. Сметката ми пристигна после крајниот рок за уплата предвиден во фактурата?

49. Имам поднесено барање за интервенција на навалена/скршена бандера, но ништо нема преземено. Што треба да направам?

50. Која е постапката за дислоцирање на водови/трафостаници кои што поминуваат низ мојот имот, а се поставени без мое барање?

51. Имам слаб напон, каде да се обратам?

52. По прекин на ел. енергија ми изгореа повеќе апарати од домаќинството. Што е процедурата, дали сам да ги сервисирам или ЕВН треба да ги сервисира?

53. Дали и во кои случаи ЕВН интервенира на дефекти за улично осветлување?

54. Каде да се обратам за честите прекини на ел. енергија?

55. Дали доколку се утврди дека е внатрешен дефект, сум обрвзан да ги подмирам трошоците кон ЕВН кога екипа ќе го санира проблемот?

56. Дали за внатрешен дефект можам да повикам ваша стручна екипа, а сум согласен да ги подмирам трошоците?

57. Имам застарен доводен кабел кој што повремено прави проблеми. Кој е должен за негова замена?

58. Каде треба да биде поставено новото мерно место?

59. Сакам да се зголеми моќноста на трафостаницата, што треба да направам?

60. Како е процедурата за пријавување искривена бандера, за која има опасност да падне?

61. Во кој случај ЕВН интервенира на приватни трафостаници?

62. Што е максиграф, како и кога се пресметува?

63. Зошто за време на празници ел. енергија не се тарифира по ефтина тарифа?

64. Зошто цената на таксата за повторен приклучок е променета?

65. Од коге е променета цената на таксата за повторен приклучок?

66. Зошто цената за повторен приклучок е толку висока?

67. Зошто цената за повторен приклучок за домаќинство е зголемена, а цената за повторен приклучок за правни лица е намалена?

68. Што значи повторно приклучување, а што значи експресно приклучување?

69. Дали покрај плаќањето на неплатените фактури за електрична енергија и фактурата за повторен приклучок ќе треба да платам уште нешто?

70. Како може да ја добијам фактурата за таксата за повторен приклучок?

1. Каква документација е потребна за реализација на нов приклучок и каква е процедурата?

Постапката за нов приклучок е следна: Корисникот треба да поднесе официјално барање со образец БСП-1. Во прилог на барањето, треба да понесе доказ за сопственост на местото каде што, бара приклучок дозвола за градба или Решение за легализирање на дивоизграден објект , имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор, договор за здружување средства и сл., скица на парцела или извод од катастарски план, и лична карта на увид, еднополна шема за инсталацијата со инсталирана едновремена моќност ( од Проектот кој е поднесен до институциите за добивање на потребните дозволи ),заверена од официјално лице. За колективни стамбени објекти потребно е да се достави и потврда за исправност на инсталација и А –тест за заземјување. Исто така треба да достави доказ за платени сметки за електрична енергија на барателот каде што живее. За правните лица е потребен и извод од трговски регистар. После поднесеното барање, надлежниот КЕЦ контактира со корисникот со цел заедно да го посетат местото каде што треба да се релизира приклучокот. После извшениот увид на мерното место, референтот му нуди неколку технички решенија. После договореното исправно техничко решение, се изготвува енергетска согласност и се започнува со изведба на приклучокот. Согласно законот, САМО ЕВН МАКЕДОНИЈА ИМА ПРАВО ДА ГРАДИ НОВ ПРИКЛУЧОК..

TOP

2. Што треба за нов приклучок на дивоградба?

За случај на дивоградба  потребно е да се приложи доказ  дека објектот е легализиран - Решение за легализирање на дивоизграден објект.

TOP

3. Што е потребно за времен приклучок?

Секој нов приклучок, било времен или траен, како и измена на приклучокот, подлежат на енергетска согласност, а за издавање на енергетската согласност во секој случај потребни се горенаведените документи.

TOP

4. Која е постапката за промена од монофазен во трофазен приклучок?

Постапката е иста, барање со потребна документација, >увид на лице место, >техничко решение, >изработка на ЕЕ, >приклучок на трофазно броило. За оваа услуга потребно е да се плати фактура согласно важечкиот ценовник.

TOP

5. Како се врши одвојување на броило? Дали процедурата е иста како процедурата за нов приклучок?

Корисникот треба да поднесе барање во приемната канцеларија (front office) во КЕЦ-от, каде ќе му се изготви фактура согласно важечкиот ценовник. Ова е само во случај доколку во постоечкиот мерен ормар ( на ЕВН или на корисникот) постои услов за тоа. По плаќање на истата и доколку корисникот ги има подмирено евентуалните долгови кон старото броило, побараната услуга ќе се реализира.

TOP

6. Што преставува стандарден, а што нестандарден приклучок?

Стандарден приклучок, преставува приклучокот чија што максимална едновремена моќност што ја повлекува од мрежата, не е поголема од 40 кW. Практично тоа претставува мрежа што не е подалеку од 30m од нисконапонска напојна точка (во места со ДУП, растојанието се покрива со непланирани проекти). Нестандарден приклучок е приклучокот, кој се наоѓа на далечини поголеми од 30м од напојната точка, или бараната едновремена моќност е над 40кW.

TOP

7. Колкав е периодот од поднесување на барање до негово реализирање?

Тој период е релативен и зависи од обемот на зафатот, како расположивите ресурси на КЕЦ-от, законски и по мрежни правила е 15 дена за стандарден и 60 дена за нестандарден за изработка на електроенергетска согласност и 30 дена за реализација за стандарден, односно 90 за нестандарден по добивање на сите потребни дозволи.

TOP

8. Што се подразбира под електро-енергетска согласност (ЕЕС)?

Електро-енергетска согласност е официјален документ со кој на корисникот му се дава приклучок на мрежата на ЕВН Макединија, му се пропишуваат условите за приклучок (нашите обврски како ЕВН Македонија, обврските на корисникот). Поставените услови, мора да бидат реализирани и од обете страни. Секој приклучок без таков документ се смета за нелегален и тој корисник не е предвиден во постоечкиот капацитет од каде што се снабдува. Со тоа, тој го нарушува снабдувањето на околните корисници на електрична енергија кои се снабдуваат од иста напојна точка.

TOP

9. Каква e постапката за оние кои немаат ЕЕС, а сакаат да го изменат статусот?

Постапката е иста како и за нов приклучок со напомена дека доколку технички не може да му се издаде ЕЕС, тој може да остане со тој статус додека не се створат услови да му се смени истиот.

TOP

10. Каква е постапката за приклучување на приватна трафостаница на дистрибутивната мрежа од која се напојуваат повеќе приватни лица?

Со стапување на сила на новите правила, приватна трафостаница има право да гради само изолиран корисник (кој сам ќе го исполни капацитетот на трафостаницата и притоа ЕВН ќе нема интерес за вложување), но повторно со наше одобрение. Доколку, пак, се работи за корисници кои веќе имаат добиено ЕЕС во која стои дека се должни сами да изградат ТС, тогаш тие важечки ЕЕС ние сме должни да ги почитуваме и корисникот треба во соодветниот КЕЦ да поднесе барање за пуштање под напон ( во прилог ЕЕС), за да се види дали постапил по истата и да се организира реализација односно истата трафостаница да се пушти под напон.

TOP

11. Доколку корисникот живее во друг град, дали мора да дојде во Скопје или пак може да се контактира електронски или да пријави-поднесе целосна документација во КЕЦ-от каде што живее.

Ово е специјален случај и за секој таков ќе мора да се работи по договор, во кој потрошувачот ќе треба да стапи во контакт со лица од КЕЦ и ќе добие инструкции како и каде да ја испрати потребната документација.

TOP

12. Колку е цената за нов приклучок? Дали таа е фиксна?

За стандардни приклучоци цената е однапред утврдена и зависи од видот на приклучокот (воздушен или комбиниран, кабелски, монофазен или трофазен, како и од тоа дали се бара изведба на внатрешен приклучок или не. Ценовникот на истите е објавен на веб страната на компанијата. За нестандардните приклучоци цената не е фиксна и многу зависи од видот на приклучокот и колку капацитет му е потребен на новиот корисник. Цената претставува реален трошок за реализација на приклучокот согласно бараниот капацитет на корисникот. Во трошокот за изградба на нов приклучок партиципира и ЕВН Македонија. Корисникот добива спецификација за трошоците за приклучокот.

TOP

13. Што е потребно за интервенција на закочено броило/вклопник?

ЕВН Македонија има планирано да ги замени сите механички броила со електронски броила согласно определена и дефинирана динамика. Доколку корисникот бара замена на броилото, а истото не се вклопува во планот за интервенција на компанијата, корисникот ќе мора да се обрати во КЕЦ-от и да поднесе Барање за истото, по што ќе му се изготви фактура согласно постоечкиот ценовник на ЕВН Македонија. После извршена уплата ќе се пристапи кон реализација на побараната услуга. Доколку пак закочениот вклопен часовник е утврден, евидентиран и пријавен од страна на отчитувачот, броилото ќе биде променето.

TOP

14. Што е потребно за поставување контролно броило?

Поставувањето на контролни броила не е надлежност на  ЕВН Македонија .

TOP

15. Што е потребно за промена на податоци во сметките за ел. енергија?

а)матични податоци
Корисникот поднесува Барање за промена и доставува соодветни документи со кои   докажува по кој основ го превзема објектот во владение (купопродажен  договор, договор  за закуп, лична карта на увид и сл.).  Доколку се исполнети условите од Правилата за снабдување на тарифните корисници на електрична енергија, промената ќе биде извршена. 
 б)адресни податоци
Корисникот поднесува Барање за промена на адресни податоци доколку истите не   се точни. Доколку сака да ја промени адресата на достава за истото поднесува Барање и приложува лична карта за идентификација. Овие услуги се вршат само лично.

TOP

16. Што е потребно за повторно приклучување на дистрибутивната мрежа поради неплатен долг?

Претходно корисникот треба да си го подмири целиот долг за неплатени сметки при што рати не се дозволени (освен во случај ако има  кампања за плаќање на рати). Во КЕЦ-от се издава фактура за повторен приклучок која мора да се плати пред повторното приклучување.  Износот на фактурата за повторен приклучок изнесува 1.589 ден., а износот на фактурата  за експресно приклучување изнесува  2.385 ден.  Цените се со вклучен ддв. По направена уплата и поднесен доказ за истото,  корисникот ќе биде приклучен на дистрибутивната мрежа и тоа во првиот случај  - во првиот нареден работен ден, односно  за вториот случај - истиот ден. При тоа важно е и времето на доставување на доказот, а не времето на уплатата. Имено,  за повторно приклучување  доказот за платените фактури  мора да  се приложи на едно од следниве места: КЕЦ  (приемна канцеларија- front office) до 15:30 часот, Наплатен пункт до 19:30 или Контакт центар ( по факс или на меил ) најкасно до 07 :30  наредниот ден.  Додека доказот за платените фактури за експресно приклучување мора да се достави  најкасно до 15:30  часот, на било кое од  погоре наведените места.  

TOP

17. Сметките-фактурите пристигнуваат подоцна, а рокот за плаќање е изминат?

Доколку фактурата не е пристигната во предвидениот рок корисникот е должен  да побара копија од фактурата за електрична енергија. во најблискиот КЕЦ или да се обрати на сервисната линија на ЕВН на тел. број 0890 12345 каде ќе добие информација за фактурата или електронски ќе му  се прати копија од истата.

TOP

18. Од кој до кој датум се врши отчитување на броилата?

Новиот начин на отчитување предвидува континуирано отчитување на клиентите во рамките на еден месец, поделени во 4 отчитувачки групи. Притоа клиентите од една група секогаш се отчитуваат во ист временски период во месецот. Вашето броило секогаш ќе се отчитува во периодот помеѓу Х и Х во месецот во зависност од тоа во која група припаѓате. ( I група 1.-7., II група 8.-14.,  III група 15.-21., IV група 22.-28.)

TOP

19. (Земајќи во предвид викенд-празник) кога се врши повторното приклучување доколку фактурата за повторен приклучок и сметките се подмирени?

Доколку клиентиот  докаже дека сите обврски ги  подмирил и  го испочитувал  терминот на достава на доказот за истото (согласно  изборот за начинот  на повторно приклучување , т.с. по редовна постапка или екпресно)  ќе биде приклучен  во текот на првиот нареден работен ден,  односно истиот ден.

TOP

20. Која е цената на фактурата за повторен приклучок за домаќинства/мали бизниси?

Цената за повторен приклучок домаќинство и сохо ( физички и правни лица) е 1.589 ден.  ( со вклучен ддв)

Цената за  експресен повторен приклучок  за домаќинство и сохо ( физички и      правни лица) е 2.385 ден. ( со вклучен ддв)
Цената е со таа висина бидејќи компанијата после надминувањето на законскиот рок за плаќање на сметките од страна на корисникот, со непопуларната мерка исклучување била приморана да троши вонредни ресурси за присилна наплата – исклучување. Со тоа, ангажирани се ресурси и потрошени средства за брзо повторно приклучување, како и ангажман на интерни ресурси за самото исклучување.

TOP

21. Дали инкасаторот кој што го чита броилото има обврска да пријави закочено броило?

Да. Во рачниот терминал за отчитување го внесува  соодветниот код од унифицираниот шифрарник.

TOP

22. Каде можам да се обратам доколку дојде висока сметка за потрошувачка?

Во најблискиот „фронт офис“ каде се пополнува Барање за корекција на ф-ра, преку маил на адресата info@evn.mk , или  со јавување на сервисната телефонска линија 0890 12345 . По истото се постапува согласно постоечкиот Процес и упатство за корекција на ф-ра.

TOP

23. Каде да се обратам за дефект на заедничко броило-вклопник за заедничка потрошувачка?

ЕВН Македонија има планирано да ги замени сите механички броила со електронски броила согласно определена и дефинирана динамика. Доколку корисникот бара замена на броилото, а истото не се вклопува во планот за интервенција на компанијата, корисникот ќе мора да се обрати во  КЕЦ-от и да поднесе Барање за истото, по што ќе му се изготви фактура согласно постоечкиот ценовник на ЕВН Македонија. После извршена уплата ќе се пристапи кон реализација на побараната услуга. Доколку пак закочениот вкллопен часовник е  утврден, евидентиран и пријавен од страна на отчитувачот броилото ќе биде променето.
TOP

24. Дали треба да ми издадете налог пред да ме исклучите?

Пред секое исклучување издаден е работен налог. Доколку е затекнато неовластено користење на електрична енергија имаме обврска моментално да го исклучиме корисникот без налог за исклучување. Налогот за исклучување се генерира непосредно пред исклучувањето и со истиот се оди кај корисникот кој треба да биде исклучен. Корисникот во секоја фактура се опоменува за претходниот неподмирен долг.


TOP

25. Дали треба да ме известите пред да го замените броилото?

При промена на броило ЕВН Македонија нема обврска да го извести корисникот.  Согласно Законот за енергетика сите броила треба да бидат променети од страна на ЕВН Македонија, а притоа мора да има непречен пристап до броилото.  
TOP

26. Имам двапати платено иста сметка, што треба да направам?

Во ваков случај потребно е да се обратите во „фронт офис“ во КЕЦ -от. Корисникот треба да ги достави двете платени сметки. Потоа постојат две можности, или се враќаат вишокот уплатени пари или корисникот  ќе има кредитно салдо кое ќе се искористи во следната фактура.
TOP

27. Врз основа на што се извршува промена на тарифен модел домаќинство-индустрија?

Врз основа на утврдување од страна на екипите на ЕВН, по претходно добиен  работен налог. Доколку корисникот согласно тарифниот систем припаѓа  во категорија потрошувачи во  0.4 II тарифен степен ( останата потрошувачка)  се врши промена на тарифниот степен. Истата постапка важи  и доколку Барањето доаѓа од страна на корисникот при што претходниот долг мора да биде подмирен. При тоа потребно е да плати фактура  за промена на тарифен став согласно постоечкиот  ценовник на ЕВН Македонија.  По приложен доказ за уплатата се пристапува кон реализција на бараната услуга. 
TOP

28. Како се читаат новите броила?

Се отчитуваат со рачни терминали преку оптичка сонда. Трансферот на податоци се врши електронски од броилото во рачниот терминал и затоа можноста за човечка грешка не постои.
TOP

29. Сменето ми е броилото, зошто не ми свети светилката за скапа/ефтина тарифа?

Сите нови броила поставени од ЕВН Македонија, имаат вграден вклопен часовник и нема техничка можност за светилка која покажува скапа/евтина тарифа. Значи, за сите нови броила поставени од ЕВН Македонија, терминот за евтина струја е следниот: секој работен ден од 13:00 до 16:00 и од 22:00 до 07:00 наутро. За сабота, важи исто како и за секој работен ден односно од 13:00 до 16:00 и од 22:00-сабота има ефтина струја до 07:00-понеделник. Во недела, цел ден има евтина тарифа.
TOP

30. Што е максиграф, како и кога се пресметува?

Уред кој во текот на месецот ја регистрира најголемата 15 минутна моментална вредност на потрошена електрична енергија.
TOP

31. Дали може да платам сметки преку интернет и траен налог?

Плаќање преку траен налог може,  додека  плаќање преку интернет директно во ЕВН Македонија засега не може, освен преку банките кои нудат таква можност.
TOP

32. Дали сите броила, вклучувајќи ги и оние од викендиците подлежат на комунална такса?

Сите активни броила подлежат на комунална такса согласно истоимениот Закон. Одделен реон или населено место може да биде иззземено од плаќање на комунална такста само во случај ако постои одлука на Советот на соодветната општина за неплаќање и истата да се достави до ЕВН. Средствата за комунална такса се за општината во која припаѓа активното броило, бидејќи уличното осветлување е во целосна надлежност на локалните власти. Па според тоа, само општината може да се откаже од комунална такса за одредено броило. 
TOP

33. Во кои медиуми има информации за планираните исклучувања?

Информација се дава до сите, но зависи од уредувачката политика на медиумот дали ќе го објават известувањето. Информациите за планираните исклучувања  редовно се поставуваат на веб страната на ЕВН.
TOP

34. По грешка имам направено уплата на туѓа сметка? Што треба да направам?

Во таков случај потребно е да се достави оригинален документ од уплатата во „фронт офис“ во КЕЦ – от, за да може потоа уплатата да се изврши на соодвената корисничка шифра.
TOP

35. Врз основа на што се пресметува неовластено користење на времен приклучок?

Пресмеката се изготвува согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. Доколку се утврди дека приклучокот е изведен без согласност од ЕВН Македонија или поради манипулација на броило по претходно изготвен записник од извршениот увид на лице место.
TOP

36. На мојата улица нема/не работи улично осветлување, зошто да ја плаќам с-ката?

Уличното осветлување е во надлежност на Општините, а со тоа и одговорноста зошто нема улично осветлување. Според законот за Комунални такси на РМ  комунална такса се наплатува за секое активно броило и прибраните средства на месечно ниво се префрлаат од страна на ЕВН до соодветната Општина. За сите проблеми со уличното осветлување корисниците треба да се обратат во соодветната Општина.
TOP

37. Дали може во било кој наплатен пункт во Скопје да ја платам сметката без разлика на кој КЕЦ припаѓам?

Да. Исто така освен во Скопје фактурата за потрошена електрична енергија може да се плати на било кое наплатно место на ЕВН во Републикава. Покрај тоа фактурите може да се плаќаат и во Пошта, Банка како и во салоните на Тobacco Тogether.
TOP

38. Дали може сметка од викендица/друг град да ми стига на домашна адреса?

Да. Промената на адресата на достава е можна по претходно лично доставено Барање во КЕЦ –от.
TOP

39. Зошто не ми е овозможено плаќање на рати на заостанатиот долг?

Можноста за плаќање на рати ЕВН Македонија ја дава на своите корисници во  однапред утврдени периоди на јавна понуда  - кампања.
TOP

40. Дали има определен временски рок за приговор на с-ка за ел. енергија?

Да, може да поднесе приговор во рок од 15  дена од денот на достава. Приговорот на корисникот не го одлага плаќањето на сметката во делот кој не е оспорен.
TOP

41. Дали може сметките за ел. енергија да ги плаќам периодично на неколку месеци бидејќи имам викендица во др. град?

Да, може со пријавување на потрошените КWh во КЕЦ.-от или на сервисната телефонска линија 0890 12345 по што ќе биде изготвена ф-ра.
TOP

42. Зошто за време на празници ел. енергија не се тарифира по евтина тарифа?

Согласно законските акти не е предвидено тарифирање по евтина тарифа за време на празниците.
TOP

43. Колку изнесува казната за неовластено користење?

Износот не е фиксен. Истиот зависи од периодот за кој се изготвува пресметката, потоа се зема амперажата на осигурувачите или пресекот на доводниот кабел.
TOP

44. Дали и во кои случаи можам да побарам атест на броило и дали се плаќа услугата?

Секој кој ќе се посомнева во неисправноста на броилото може да побара атест. Барање за истото се поднесува во „фронт офис“ во КЕЦ.  За побараната услуга се изготвува фактура  согласно постоечкиот ценовник на ЕВН Македонија. По направена уплата и приложен доказ за истото се пристапува кон реализирање на побараната услуга. Доколку се покаже дека броилото не е исправно,  уплатените сретства се врќаат на корисникот.
TOP

45. Што се може да се види при отчитувањето на новите броила?

Време, датум, вкупно потрошени киловатчасови, киловати потрошени на прва тарифа, киловати потрошени на втора тарифа.
TOP

46. Дали броилото треба да биде монтирано од лице на ЕВН или може од страна на приватен електричар?

Единствено од  страна на стручно лице од ЕВН Македонија. Во спротивно приклучокот се смета за нелегален.
TOP

47. Броилото ми е дигитално, ново, сменето од ваша страна пред година -две и сега повторно дoаѓате и го замнувате со ново. Зошто?

Броилата се сопственост на ЕВН Македонија и како такви подлежат на одредени стандарди и редовна контрола на квалитетот. Понекогаш, заради одредени конкретни активности, како на пример баждарење, потребно е замена (демонтажа) на истото.
TOP

48. Сметката ми пристигна после крајниот рок за уплата предвиден во фактурата?

Доколку фактурата не е пристигната во предвидениот рок корисникот е должен да побара копија од фактурата за електрична енергија во најблискиот КЕЦ или да се обрати на сервисната линија на ЕВН Македонија на тел. број 0890 12345 каде ќе добие информација за фактурата или електронски ќе му се прати копија од истата. Доставата на сметките за електрична енергија ја вршат Македонски пошти.
TOP

49. Имам поднесено барање за интервенција на навалена/скршена бандера, но ништо нема преземено. Што треба да направам?

Обратете се во Корисничкиот енерго центар (КЕЦ) и побарајте директен контакт со раководителот на група 3 од соодветниот КЕЦ. Вообичаено веднаш по пријавувањето се праќаат екипи на терен за увид на самото место да извршат проценка дали постои опасност и дали треба веднаш да се реагира или може да чека во прв погоден момент да се направи санацијата.
TOP

50. Која е постапката за дислоцирање на водови/трафостаници кои што поминуваат низ мојот имот, а се поставени без мое барање?

Се поднесува барање до ЕВН Македонија, до КЕЦ-от на чија мрежа е поврзан корисникот. Таму ќе ви биде изготвена фактура за увид на терен, согласно важечкиот ценовник на ЕВН Македонија и по доставен доказ дека истата е платена се излегува на увид . Врз основа на тоа се изготвува техничко решение усогласено со барателот , ( за кое има можност за решавање на имотно правните работи и да се добие од надлежен орган дозвола за градба ), се прави пресметка за потребниот материјал и транспорт и се изготвува фактура за побараната услуга, согласно техничкото репение. По плаќање на истата се пристапува кон реализција на побараната услуга.
TOP

51. Имам слаб напон, каде да се обратам?

Можете да поднесете барање за мерење на квалитет на напон со мерен инструмент во „фронт офис“ во КЕЦ , каде ќе ви се изготви фактура за побараната услуга согласно  важечкиот ценовник на ЕВН Македонија.  По приложување на доказ дека истата е платена побараната услуга  ќе се реализира.
TOP

52. По прекин на ел. енергија ми изгореа повеќе апарати од домаќинството. Што е процедурата, дали сам да ги сервисирам или ЕВН треба да ги сервисира?

Барање до соодветниот КЕЦ , на кое барателот ќе добие писмен одговор по увидот направен од Комисија. Во колку штетата е предизвикана поради прекин на нулти проводник на мрежа или поради грешка направена од наши работници при извршување на зафати во мрежа, се врши увид и се упатува корисникот кон сервис кој ќе му ги сервисира апаратите на наш трошок. Доколку барањето не е оправдано, писмено го известуваме барателот дека нема основ за надомест на штета.
TOP

53. Дали и во кои случаи ЕВН интервенира на дефекти за улично осветлување?

Надлежноста и обврската за одржување на инсталацијата за улично осветлување припаѓа на Општината. Само по барање на Општината, а по претходен договор ЕВН Македонија интервенира во делот од опремата за улично осветлување кој е монтиран во нисконапонска табла во дистрибутивната трафостаница.
TOP

54. Каде да се обратам за честите прекини на ел. енергија?

До надлежниот Кориснички енерго центар (КЕЦ) , да се види причината и дали е така како што тврди корисникот. Потоа се превземаат соодветни мерки за што корисникот ќе биде известен.
TOP

55. Дали доколку се утврди дека е внатрешен дефект, сум обрвзан да ги подмирам трошоците кон ЕВН кога екипа ќе го санира проблемот?

ЕВН засега не работи на внатрешни дефекти, туку само на надворешната дистрибутивна мрежа.
TOP

56. Дали за внатрешен дефект можам да повикам ваша стручна екипа, а сум согласен да ги подмирам трошоците?

Не вршиме поправка на дефекти на внатрешна инсталација, единствено е можно да обезбедиме безнапонска состојба доколку е тоа потребно или го бара корисникот и за истото тој треба да ги плати трошоците. Цената за обезбедување на безнапонска состојба зависи од напонското ниво. Истата е согласно важечкиот ценовник на ЕВН Македонија. Фактурата за истото ја изготвува КЕЦ-от по поднесено барање од страна на корисникот.
TOP

57. Имам застарен доводен кабел кој што повремено прави проблеми. Кој е должен за негова замена?

Замената на приклучен кабел е обврска на ЕВН Македонија односно на соодветниот КЕЦ, но на товар на корисникот. За истото потребно е да се поднесе барање во КЕЦ-от каде ќе му се изготви фактура за увид на терен и фактура за побараната услуга, согласно утврдената ситуација. По извршена уплата на фактурите ќе се пристапи кон реализција на побараната услуга. Ова не важи за новите приклучоци, изработени после донесување на мрежните правила, бидејќи нивното одржување е на товар на ЕВН Македонија.
TOP

58. Каде треба да биде поставено новото мерно место?

На граница на имот.
TOP

59. Сакам да се зголеми моќноста на трафостаницата, што треба да направам?

Корисникот може своите барања во писмена форма да ги достави до надлежниот КЕЦ поднесувајќи ги своите зголемени потреби за потрошувачка со што ќе бара нова енергетска согласност. Во неа ќе бидат дефинирани условите кои се потребни за да се обезбеди бараното зголемување на едновремената моќност од страна на потрошувачот.
TOP

60. Како е процедурата за пријавување искривена бандера, за која има опасност да падне?

Се пријавува во контакт центарот на ЕВН на тел. број 0890 88888 како дефект, дежурна служба веднаш прави увид на самото место да извршат проценка дали постои опасност и дали треба веднаш да се интервенира или може да чека во прв погоден момент да се направи санацијата. Доколку се работи за приватна бандера се поднесува барање во КЕЦ-от, за што се изготвува фактура за побараната услуга каде износот на истата е во зависност од начинот на санација на бандерата, а согласно важечкиот ценовник..
TOP

61. Во кој случај ЕВН интервенира на приватни трафостаници?

Сопственикот на приватната трафостаница треба да се обрати во „фронт офис“ во КЕЦ-от и да поднесе барање каде ќе ја наведе услугата која ја бара. Врз основа на тоа се изготвува фактура која треба да се плати, за што треба да приложи доказ. После тоа се пристапува кон реализација на побараната услуга/и. Доколку се бара интервенција на приватна трафостаница надвор од работно време, се интервенира по добивање на писмена гаранција од нивна страна дека ќе ги платат направените трошоци.
TOP

62. Што е максиграф, како и кога се пресметува?

Што е максиграф: Максиграф претставува максимална моќност (Pmax) која ја повлекува индустриски корисник во билинг период (месец) при вклучување на апарати кои се инсталирани во просториите на корисник (машини, грејни и разладни тела...) Максиграфот е дел интегриран во самото електронско 5A (пет амперско) броило и ја мери моќноста (kW) што ја повлекува корисниик. Максиграфот се мери во временски интервал (т.н пресметковен период t=15 min) и ја дава кривата на оптоварување) колку моќност повлекува корисникот на секои 15 минути односно за сите 15 минутни периоди во текот на еден билинг период (месец). Од сите 15 минутни пресметковни периоди, броилото ја меморира најголемата моќност (снага) која корисникот ја повлекол и тоа претставува максиграф.
TOP

63. Зошто за време на празници ел. енергија не се тарифира по ефтина тарифа?

Затоа што актуелниот тарифен систем за продажба на електрична енергија не предвидува празниците да бидат тарифирани по ефтина тарифа. Празниците кои се совпаѓаат со денови од понеделник до сабота се тарифираат како обичен работен ден и согласно законот имаат ефтина тарифа во периодот од 13-16 часот и од 22-07 часот следниот ден. . Доколку, пак, празникот се паѓа во недела важи ефтина тарифа во текот на целиот ден.
TOP

64. Зошто цената на таксата за повторен приклучок е променета?

Цените на услугите на компанијата се ревидираат и адаптираат периодично. Цента на таксата за повторен приклучок како дел од ценовникот на услуги исто така подлежи на промени. Согласно важечкиот ценовник за технички услуги на компанијата кој започна да се употребува од 05.10.2011 год. цената за повторен приклучок за домаќинство и правно лице изнесува 1.589 ден., а за експресно приклучување - 2,385 ден. Во цената е пресметан и ДДВ.

Ценовникот на услуги на компанијата е достапен на официјалната веб страната на компанијата www.evn.mk, како и во брошурите кои содржат таква информација, достапни во приемните канцеларии и наплатните пунктови на ЕВН Македонија.

Воедно информација за истите може да се добие во сите приемни канцеларии на Корисничките енерго центри ( КЕЦ -овите ), како и телефонски на сервисната линија 0890 12345, која е отворена 24 часа.
TOP

65. Од коге е променета цената на таксата за повторен приклучок?

Постоечката цена за повторниот приклучок започна да се применува од 5.10. 2011 год. со стапувањето на важност на новиот Ценовникот за технички услуги на ЕВН Македонија.
TOP

66. Зошто цената за повторен приклучок е толку висока?

Цената е со таа висина бидејќи компанијата после надминувањето на законскиот рок за плаќање на сметките од страна на корисникот, со непопуларната мерка исклучување била приморана да троши вонредни ресурси за присилна наплата – исклучување. Со тоа, ангажирани се ресурси и потрошени средства за брзо повторно приклучување, како и ангажман на интерни ресурси за самото исклучување.
TOP

67. Зошто цената за повторен приклучок за домаќинство е зголемена, а цената за повторен приклучок за правни лица е намалена?

Принципот на рамноправен третман кон сите свои корисници е имплементиран и во цената на таксата за повторен приклучок за физички и правни лица. Чесниот и рамноправен однос кон сите свои корисници е истовремено и обврска пропишана со Законот за енергетика на РМ и Правилата за снабдување на тарифните потрошувачи на ел. енергија пропишан од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ.
TOP

68. Што значи повторно приклучување, а што значи експресно приклучување?

Доколку сте исклучени за неплатени фактури  можете повторно да бидете приклучени.  При тоа имате можност да бидете приклучени наредниот работен ден или да бидете приклучени истиот ден. Доколку  ја изберете првата можност, согласно важечкиот ценовник на компанијата, таксата за повторен приклучок изнесува 1.589 ден., а доколку ја изберете  втората можност таксата за повторен приклучок изнесува  2.385 ден. Во цената е пресметан и ДДВ.
При тоа важно е да се знае дека  потврдата за платените фактури мора да се достави на едно од наведените места  и тоа до посоченото време :

За повторен приклучок   
- Приемна канцеларија на КЕЦ до  15: 30 часот
-  Наплатен пункт  до 19: 00 часот
- Центарот за грижа на корисници -  електронски ( по факс или  на меил )   на тел. број  02 / 3 205 000 20 660,  односно на info@evn.mk – најкасно до 07 :30 часот наредниот ден.

За експресен повторен приклучок 
- Приемна канцеларија на КЕЦ до   15: 30 часот
Наплатен пункт  до 15: 30 часот - Центарот за грижа на корисници –
 електронски (  по факс или  на маил )
на тел. број  02 / 3 205 000 20 660, 
односно на info@evn.mk - до  15: 30 часот


TOP

69. Дали покрај плаќањето на неплатените фактури за електрична енергија и фактурата за повторен приклучок ќе треба да платам уште нешто?

Доколку ги платите наведените фактури, нема да биде потребно да платите било што друго. Цената на таксата за повторен прилучок е комплетна и во неа се вклучени сите параметри (материјал, услуга и транспорт).
TOP

70. Како може да ја добијам фактурата за таксата за повторен приклучок?

Фактурата со таксата за повторен приклучок ќе ви биде изготвена во приемната канцеларија на КЕЦ- от во „фронт офис“, после плаќање на долгот за електрична енергија поради што сте исклучени. После плаќање на фактурата за повторен приклучок и приложување на доказ дека истата е платена до одедениот временски период, се пристапува кон реализација на повторниот приклучок.
TOP