Ново продолжување на кампањата за плаќање на долговите кон ЕВН на рати и без камата
Корисниците кои имаат отворени долгови кон ЕВН Македонија ќе имаат можност уште еден месец да ги искористат поволностите од кампањата „Победете го долгот“. ЕВН ја дава оваа последна шанса поради големиот интерес на корисниците за склучување на спогодби за плаќање на долговите на рати и без камата. Кампањата ќе трае до крајот на месец февруари, со што се заокружува циклусот поволности што ЕВН им ги овозможи на корисниците пред извршителите да почнат присилно да вршат наплата.
Со кампањата се нуди можност домаќинствата на 9 рати, а бизнис корисниците на 5 рати да ги платат тековните долгови за потрошена електрична енергија, тужените побарувања, дополнителните фактури, како и веќе пресметаната камата за задоцнето плаќање на редовните и тужените побарувања.
Со склучување на договор за плаќање на рати или во целост, корисниците се ослободуваат од плаќање на каматите кои дополнително би се пресметале по основ на задоцнето плаќање. Доколку пак корисникот го плати севкупниот долг со склучување на спогодба на една рата, ќе биде ослободен од плаќање на сите камати и на оние што би произлегле од предметниот долг, како и од претходно задолжените камати.
|