evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > Одговорност

Одговорност


ЕВН Македонија ги подржува 10-те принципи на Глобалниот Договор кои се во однос на човековите права, заштита на околината и анти-корупција. Овие основни принципи не само што ги почитуваме, туку во рамките на нашата дејност се обидуваме да ги надградиме. Како членка на локалната мрежа на Договорот, се обврзавме овие принципи да ги инкорпорираме како дел од нашата развојна стратегија, култура и секојдневна работа на компанијата.
Компанијата во сите свои активности ги втемелува принципите на општествена одговорност и се стреми за подобрување на квалитетот на животот. Овие напори на ЕВН Македонија можат да се групираат во четири клучни области: корисници, вработени, животна средина и општество.

Првата област се нашите корисници. Низ секојдневните постапки, секогаш се трудиме корисниците да бидат во центарот на нашите напори. Го трансформиравме начинот на услуга. 19-те Кориснички Енерго Центри (КЕЦ) не претставуваат само локација, туку филозофија. КЕЦ-от е место каде што корисникот може да ги добие сите потребни информации и услуги на едно место. Со цел побрзо и поквалитетно да им одговориме на сите барања на нашите корисници, имплементиравме современи информациски системи кои ги автоматизираат процесите и ги прават информациите транспарентни и достапни. Отворивме и центар за односи со корисници, достапен 24 часа дневно, во текот на целата година. Корисниците имаат можност да се информираат за нашите услуги и прекини во снабдувањето преку една точка на контакт. Преку анализи на информациите кои ни ги даваат корисниците правиме планови за надградба на мрежата и со тоа подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Нашите вработени се следниот важен елемент во стратегијата на ЕВН Македонија. Ја основавме ЕВН Академија како специјален, интерен центар за едукација. Обуките во академијата опфаќаат теми од најразлична проблематика како односи со корисници, странски јазици, технички обуки како и тренинзи за заштита при работа. Ние сме еден од најголемите работодавачи во Република Македонија и постојано отвораме нови работни позиции. Секоја година нудиме програми за практиканти од македонските универзитети. Посебна програма за вработување е т.н. Trainee преку која досега повеќе од 70 млади добија можност да стекнат практично искуство и знаење.
Програмата предвидува креирање на способни млади кадри преку менторство и ротација низ повеќе Оддели и КЕЦ-ови.

Друг елемент на стратегијата е заштитата на животната средина. Во ова поле имаме повеќе посебни проекти меѓу кои заштита на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување на опасни материјали од трансформаторските станици како и одговорно отстранување на отпадот.

За нас особено важна тема е општеството. Како компанија чија дејност влијае врз толку многу животи свесни сме за одговорноста која мора да ја носиме при исполнувањето на нашите работни задачи. Подржуваме настани поврзани со македонската традиција, инвестираме во промоцијата на спортот и здравјето, негуваме идеја за еднаков третман на сите учесници во општеството. Особено сме посветени на подигање на свеста за разумното користење на електричната енергија. Работиме на посебен „Училишен проект“ со кој ги посетивме сите училишта во сите општини во државата и ги едуциравме учениците за важноста на рационалното и безбедното користење на електричната енергија во нивните домови.


Упорни сме во градењето на одржлив развој во сите сегменти на нашата работа со цел да обезбедиме повисок квалитет на животот на сите наши корисници, вработени, природата и општеството.