evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Нова едукативна емисија за енергетска ефикасност



Под мотото „Иднината е јасна – енергетски ефикасна“ започна новата едукативна емисија „Енергетска математика“.
 
Како продолжување на активностите во рамки на Платформата за енергетска ефикасност, емисијата претставува унапредување на напорите за едукација на домаќинствата за енергетската ефикасност. Оваа година, покрај Министерството за економија, партнери на ЕВН Македонија во Платформата се и Агенцијата за енергетика.
 
Ако емисијата „Енергетска азбука“ како прва емисија која произлезе од оваа соработка имаше за цел да го објасни како функционира електро-енергетскиот систем на граѓаните и со тоа да укаже на важноста за енергетската ефикасност, сега, Енергетската математика оди еден чекор понатаму.
 
Енергетската математика ќе им покаже на корисниците колку и како тие всушност ја трошат енергијата, и како, преку менување на навики и мали инвестиции возможни се големи заштеди на електрична енергија.
 
Што содржи сметката за електрична енергија? Граѓаните ќе добијат можност најпластично да ја разберат математиката на сметките за електрична енергија, и со тоа како истите да ги намалат.
Емисијата е пропратена со активности на социјалните мрежи – во тек е едукативна наградна игра на Фејсбук, а сите епизоди се достапни на Јутјуб.
 
Главните ликови на емисијата – семејството Јаневи на македонски или Адеми на албански секоја недела ќе учат по нешто ново за енергетската ефикасност, а со нив и гледачите.
 
Затоа, секој ден на МРТ 1 и Алсат М телевизија, гледајте Енергетска математика!