evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија со пакет програми за поддршка на образовниот процес

07.04.2015


Скопје, 07 април 2015: На саемот за вработување и пракса - „Контакт“ кој се одржува на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје, ЕВН Македонија ги презентира отворените програми за практикантска работа и за вработување млади и стручни кадри „Trainees 2015“.
 
Како и секогаш интересот на студентите е голем за програмите кои им ги овозможува ЕВН Македонија, бидејќи компанијата е веќе препознаена како сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри. Програмите се атрактивни и заинтересираните ќе можат да се пријават за посетување практикантска работа до 31.05.2015 на [email protected] , а за „Trainees 2015“ до 30.04.2015 на [email protected] .
 
Минатата година практикантска работа во ЕВН посетувале 57 студенти, 23 беа дел од „Trainees“ програмата. Во моментот ЕВН Македонија стипендира вкупно 14 студенти.
 
ЕВН Македонија и натаму ќе остане доследна на своите определби да го подржува образовниот процес во земјава и да биде вистинското место каде младите ќе се дообразуваат, остручуваат и ќе ја градат својата професионална кариера. 
 
> назад