evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија ја доби Националната награда за безбедност и заштита при работа

28.04.2015


По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април, Македонското здружение за заштита при работа ги додели националните награди за компаниите кои ги спроведуваат најуспешните практики во оваа област. ЕВН Македонија ја доби Националната награда за добра пракса на безбедност и заштита при работа за 2014 год.

„Животите и здравјето на вработените се највисок приоритет на ЕВН Македонија. Затоа постојано работиме на унапредување на процесите за заштита и безбедност при работа. Задолжителната примена на правилата за работа, најсовремената опрема за заштита на работниците, едукацијата на вработените и постојаниот процес на тренинг и контроли придонесоа да се намали значително бројот на несреќи при работа. Оваа награда ја сметаме како потврда на нашите заложби, но и доказ дека сме во вистинската насока на остварување на целта, заштита на нашите вработени при изведувањето на исклучително тешките и на моменти опасни работни задачи, изјави г. Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Тема на овогодинашното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа беше „ Вклучи се во градење култура за превенција за безбедност и здравје при работа“. Беше претставен и Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија за 2014 годин.
> назад