evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Ноќно читање со ЕВН Македонија

29.03.2015


ЕВН Македонија по втор пат го организираше ноќното читање како дел од подршката на светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“. Стотици граѓани, почитувачи на литературата во пријатна атмосфера под свеќи и електронски светилки во кафе барот Тренд на скопскиот плоштад беа дел од овој настан. Посетителите се дружеа и со авторите Верче Карафилоска, Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски, Симона Јованоска, Лира Бојку, Петар Андоновски, чии ракази се дел од проектот на ЕВН Македонија „Создади книга“.
ЕВН Македонија во знак на подршка на акција „Часот на планетата Земја“ ја исклучи светлечката реклама во центарот на градот и на градот Скопје му помогна, симболично да ги исклучи светилките на спомениците во центарот на градот.

> назад