evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Поради оштетениот далекувод ќе се регулира потрошувачката во Драчево

19.03.2015


ЕВН Македонија спроведува алтернативни решенија со регулиран план за снабдување со енергија на корисниците од скопската населба Драчево и околните населени места, поради оштетувањата на 110 кВ далекувод од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица. Во текот на ноќта поради зголемување на потрошувачката алтернативните точки на напојување не можат да го издржат товарот поради што се јавува пад на напонот и прекини во снабдувањето на одредени населени места. Затоа ЕВН Македонија ќе спроведе план за регулирана потрошувачка за да го заштити дистрибутивниот систем и да обезбеди квалитетна енегија за корисниците во одредени времески интервали.
Ваквиот начин на користење на енергијата ќе се применува се додека потрошувачката не дојде до ниво кое може да го издржи резервниот режим на снабдување. Ваквата состојба ќе трае додека не се санира 110 кВ далекувод кој беше оштетен од лизгање на земјиштето од трети лица. Се работи на изготвување на техничко решение со нова локација каде ќе биде поставен новиот столб.
ЕВН Македонија ги вложува максималните напори да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, затоа работи на санирање на далекуводот и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2. Со пуштање под напон на 110 кВ далекувод ќе се активира и Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето на корисниците од засегнатите населени места. 

План за регулација на потрошувачката на електрична енергија на ТС Драчево 1

> назад