Набавки на материјали и услуги

 

Набавки на материјали и услуги

ЕВН Македонија АД набавките за сопствените потреби, како и за потребите за нејзините поврзани друштва, ги реализира согласно валидната законска регулатива во Република Северна Македонија, како и согласно интерните документи со кои се регулира начинот и постапката за спроведување на набавките на стоки, услуги и работи. Процесот на набавки се изведува врз основа на принципите на транспарентност, еднаквост, недискриминација, конкуренција помеѓу понудувачите, сразмерност, економичност, ефикасност, а се со цел да се избере најсоодветниот добавувач за предметната набавка од аспект на цена по исполнети техничките критериуми и спецификации или од аспект на најповолна понуда.

ЕВН Македонија АД постигнувањето на овие принципи го реализира со:

  • објавување на јавни огласи за постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавни набаваки на www.e-nabavki.gov.mk и www.evn.mk
  • објавување на јавни огласи постапки за воспоставување на Квалификациски системи согласно Законот за јавни набавки на www.e-nabavki.gov.mk и www.evn.mk
  • водење на листа на квалификувани понудувачи за воспоставени Квалификациски системи согласно Законот за јавни набавки на www.evn.mk
  • објавување на огласи за постапки за склучување на договори за набавки на www.evn.mk, согласно процедурите за спроведување на набавки на ЕВН Македонија АД
  • прибирање на понуди согласно процедурите за спроведување на набавки на ЕВН Македонија АД
Nabavki-na-Mat-i-Uslugi-1.jpg

Одржливи и фер набавки

Високиот квалитет во целиот синџир на набавки, основата на сите набавки на сите стоки, услуги и работи е високиот квалитет на сите инволвирани во целиот синџир на набавки. Заедно со нашите добавувачи сме посветени на развој на иновативни решенија за нашите потрошувачи, со користење на сите неопходни средства, на најдобар начин. Оттука, во сите наши активности за набавки особено го акцентираме принципот на еднаков пристап, фер деловни практики и отворен дијалог.

Наши водечки начела се:

  • профитабилност
  • слободна и фер конкуренција
  • еднаков третман на сите конкуренти
  • доверливост во текот на деловната трансакција
  • транспарентност и документација на резултатите
  • заштита на животната средина
  • социјална одговорност
  • почитување на човековите права и безбедноста на работниците
  • одржливост на синџирот на снабдување
 
 

Огласи

Огласи на е-портал

ЕВН Македонија АД најголем дел од своите постапки кои не подлежат на Законот за јавни набавки ги реализира преку специјализиран е-портал за набавки (Negometrix). Компаниите заинтересирани за сорабока со ЕВН Македонија АД или нејзините поврзани друштва, доколку се заинтересирани за одредена постапка на набавки за која е објавен оглас на www.evn.mk, бараат да добијат документација од наведената постапка, при што ако не се регистрани на е-порталот Negometrix, прво се регистрираат, а потоа добиваат е-пристап до предметната постапка. Е-порталот Negometrix е целосно web базиран, односно не се потребни дополнителни софтвери. Детално упатство за понудувачите е дадено на следиот  линк.

Останати огласи

Огласи на ЕСЈН

Постапките за набавка кои подлежат на Законот за јавни набавки може да ги погледнете на:
Електронскиот систем за јавни набавки или тука.

 
 

Контакт

Дали имате какви било прашања за за процесите на набавка на ЕВН Македонија АД или за тоа како работи е-порталот за набавки Negometrix за ЕВН?
Драго ни е што сме тука за вас:

ЕВН Македонија АД
Ул. Лазар Личеноски бр.11
1000 Скопје
[email protected]