Корисници и добавувачи

ЕВН во континуитет работи на унапредување на квалитетот на услугите за корисниците поради тоа што голем дел од нашата одговорност е обезбедување највисок квалитет на услуга за кориснците. Добавувачите преставуваат дел од синџирот на создавање на вредност за корисниците и затоа особено внимание посветуваме во остварување на квалитетни партнерства.

Дигитализација на услугите

Можноста за плаќање на фактурите за електрична енергија онлајн ЕВН на своите корисници им ја овозможи во 2013 година. Оттогаш, онлајн услугите постојано се надградуваат и подобруваат. Корисниците сега можат да ги завршат сите процеси поврзани со плаќањето онлајн, но и низа други важни активности кои можат да се реализираат од далечина. Порталот ЕВН Онлајн е централна услужна точка за корисниците. Покрај онлајн услугите, ЕВН постави мрежа на терминали за самонаплата и самоуслужување кои на корисниците им нудат можност за добивање на услуга без потреба од чекање на шалтер.

Наградни игри

Низ годините, ЕВН редовно ја наградува довербата и лојалноста на корисниците. Организирани се низа наградни игри и програми за лојалност. Покрај вредносни награди за редовните плаќачи, во склоп на наградните игри донирани се и средства за социјално ранливи категории граѓани. Погледнете ги содржините од емисиите: „Среќно семејство“, „На гости кај“ и „Среќно коло“ на Јутјуб.

Недела на кориснички услуги

Секоја година од 2013 традиционално ЕВН ја одбележува Светската недела на кориснички услуги. Неделата на кориснички услуги е интернационален настан посветен на вреднување на услужувањето и оддавење признание на вработените кои секојдневно ги опслужуваат и поддржуваат корисниците. Во рамки на неделата се организираат активности во сите организациски единици за зацврстување на ориентираноста кон корисниците.

Одговорност во синџирот на услуги

ЕВН за време на пандемијата го дигитализираше процесот на набавки со цел минимизирање на ризикот од зараза. Исто така, ЕВН во континуитет обрнува особено внимание при ангажман на компании-добавувачи. Секој добавувач има обврска да потпише т.н. „Клаузула за општествена одговорност“ со која гарантира дека работи во согласност со законски, морални и етички стандарди. Прекршувањето на овие начела води кон прекинување на договорите за соработка.