Политика за приватност и услови за користење сајт/онлајн сервиси

1. ЕВН Македонија посветува големо внимание на заштитата и сигурноста на личните податоци на корисниците. Личните податоци, како што се име, адреса, телефонски број, адреса на e-пошта на корисниците се чуваат во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци, во неговата важечка верзија.

Ги презедовме сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

ЕВН Македонија е отворена по барање да Ве извести кои Ваши лични податоци ги обработува и да ги ажурира истите.

2. Со користење на веб-сајтот се признаваат условите за користење во својата сегашната верзија. ЕВН Македонија го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.

3. ЕВН Македонија ќе настојува веб-сајтот да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено што се однесуваат на сервис и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб-сајтот. За недостапноста на веб-сајтот ЕВН Македонија не прифаќа никаква одговорност. Не постои законско право на користење или одржување на веб-сајтот. ЕВН Македонија го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни функции на веб-сајтот.

4. За да се користи услугата е-Пункт, корисникот на ЕВН Македонија е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот се обврзува да се регистрира со податоци за мерни места кои се во негова сопственост, или за кој е овластен примач на фактура. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. ЕВН Македонија не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.

5. За регистрирање за користење на услугата е-пункт неопходно се следниве податоци:

  • Број на корисник
  • Број на фактура
  • Избрано корисничко име (најмалку 5 позиции од букви и бројки)
  • Избрана лозинка
  • Валидна е-пошта

Податоците за број на корисник и број на фактура може да се најдат на фактурите од ЕВН Македонија.

Доколку корисникот има повеќе кориснички броеви, по првичната регистрација потребно е на страницата со податоци за корисничкиот профил да се додадат и останатите кориснички броеви. По успешната регистрација, регистрираниот корисник добива потврда по е-пошта со линк за активирање, со кој што се овозможува користењето на интернет услугите. Линкот за активирање треба да се активира во рок од 30 дена, по што престанува да важи. Во тој случај е потребна повторна регистрација.

6. Регистрацијата е отворена за секој корисник на ЕВН Македонија.ЕВН Македонија го задржува правото без претходна најава и известување да го ограничи или да го укине пристапот до услугата на одреден корисник, доколку тој ја користи услугата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:

  • постои основано сомневање дека корисничките податоци за регистрација се невистинити
  • постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама,
  • постои основано сомневање дека трети лица добиле пристап до корисничкото име и лозинката.

Доколку корисникот се посомнева во неавторизирано користење на неговото корисничко име, тој е должен веднаш да го извести Центарот за односи со корисници на ЕВН Македонија сомнежот за евентуално неовластено користење на услуги преку неговото корисничко име.

7. Користењето на онлајн услугите е бесплатно. Провизијата за плаќање на фактурите е на товар на ЕВН Македонија.

8. Во случај на потреба од поврат на средства, корисникот е должен да пополни барање, достапно на веб сајтот на ЕВН Македонија како и во приемните канцеларии во сите КЕЦ на ЕВН Македонија, и истото да го достави до најблискиот КЕЦ или до Центарот за односи со корисници на ЕВН Македонија.

9. На своите веб-сајтови друштвата користат cookies за да го усогласат веб-сајтот на личните потреби. Cookie е мала текстуална датотека што од страна на веб-сајтот се чува кај серверот на хард диск на корисникот. Cookie не може да се користи за работа на програми или испраќање на вируси на компјутерот на корисникот. Cookie исклучиво се доделува на соодветниот корисник и може да се прочита од страна на веб серверот во доменот кој се наоѓа на корисникот.

Една од основните цели на cookie е на корисникот да обезбеди функција на лагодност. Cookie особено служи за да се осигура дека на веб-сајтот на корисникот му дава увид на специфични информации за последователните посети. Ова го поедноставува процесот на подготовка на достапни содржини, за да се олесни пребарувањет преку веб-сајтот, итн

Корисникот има опција или да го прифати или да го одбие cookies. Повеќето веб пребарувачи автоматски го прифаќаат cookie, но корисникот обично може да го измени својот пребарувач со што, доколку се сака, ќе дојде до одбивање на Cookie. Доколку корисникот сака да го одбие Cookie, тој не ќе може целосно да користи интерактивни функции на лагодност на овој или други веб-сајтови што тој ги посетува.

10. Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на web страницата и припаѓаат на компанијата, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на web страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на web страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без предтходна добиена писмена дозвола од компанијата.