evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > За нас

За нас

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN и за кратко време прерасна во силно етаблиран бренд.
Најважна цел за ЕВН Македонија е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
 

Инвестиции

Од влезот на групацијата EVN во Македонија, во април 2006 година до 2013 година инвестирани се повеќе од 200 милиони евра, изградени или модернизирни се повеќе од 2.000 километри мрежа, 1.000 трафостаници, а инсталирани се и 700 000 нови дигитални броила. Во сопственост на ЕВН Македонија се 11 мали хидроцентрали кои се ревитализирани и целосно автоматизирани.
 

Корисници

Приближувањето кон нашите корисници го подобривме преку реорганизација на приемните канцеларии во нашите 19 Кориснички Енерго Центри и отворање на современ Центар за односи со потрошувачи (Customers Relations Center). Во интерес на сигурното снабдување со електрична енергија на целата територија на државата распространети се дежурни екипи за отстранување на дефекти, кои дејствуваат брзо и ефективно.
 

Резултати

Вкупна продажба на електрична енергија во 2013 година изнесуваше 5.028 GWh. Инвестициите и мерките за подобра организација на компанијата дадоа свој резултат и придонесоа за посигурно снабдување, намалување на загубите и зголемено ниво на задоволство кај корисниците. Затоа денес со сигурност можеме да кажеме дека ЕВН Македонија создаде цврста основа за реализација на поставените цели и справување со сите предизвици во иднина.

 

Мрежа

Број на трафостаници  
110 kV 53
35 kV 86
10/(20) kV 7 752


Електродистрибутивна мрежа по напонски нивоа  
110 kV 168 km
35 kV 841 km
20, 10, 6 kV 10 527 km
0.4 kV 14 599 km