Доколку корисник побара да му се замени приклучниот кабел (оштетен, скинат), за истото треба да поднесе барање за услугата - MKAX033 во Кориснички енерго центар (КЕЦ) и да уплати за бараната услуга.
Приклучниот кабел е во сопственост на корисникот и замената на истиот е на сметка на корисникот. Услугата се наплаќа согласно ценовникот за услуги. Доколку пак корисникот сака самиот да купи и да изврши промена на приклучниот кабел со приватен електричар, потребно е, пред започнување на активноста за замена, да поднесе барање за безнапонска состојба во КЕЦ - MKAX033. Откако ќе се обезбеди безнапонската состојба, корисникот може да пристапи кон замена на кабелот.
Барањето за безнапонска состојба се наплаќа согласно ценовникот за услуги.