Потрошувачот треба да се обрати во Контакт центарот/Инфо центарот или во Кориснички Енерго Центар (КЕЦ) каде ќе биде информиран за долгот за кој е исклучен и ќе добие фактура за повторен приклучок. Податоци за доспеаниот долг корисникот може да пронајде и на профилот на Мој ЕВН Хоме, од каде што, по уплата на истиот преку профилот, може да поднесе и барање за повторен приклучок. По уплата на долгот и фактурата за повторен приклучок, со приложување на доказ за истото, корисникот повторно ќе биде приклучен на дистрибутивната мрежа.