Стипендии

 

За програмите за стипендирање

ЕВН Македонија веќе 10 години доделува стипендии за студентите и студентките од енергетските насоки на електротехничките факултети. ЕВН беше првата енергетска компанија што започна со доделување на стипендии на студенти од ФЕИТ и УКЛО пред повеќе од 10 години. Досега се доделени над 50 стипендии, и дел од стипендистите веќе ја развиваат својата професионална кариера во ЕВН. Со овие активности интересот за наставните насоки кои се поддржани од ЕВН од година во година е сѐ поголем, а со тоа и бројот на стручни кадри кои се иднината на развојот на енергетиката во земјава.

Исто така, како дополнителен ангажман, по отворањето на Изложбениот центар „Матка“, дел од стипендистите се вклучени и во водењето на едукативните посети во музејот.

При доделувањето на стипендии се овозможуваат еднакви можности и правичен третман на сите, без оглед на нивниот пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.

Програма за стипендирање на студенти од електротехничка струка

Целта на програмата е да се мотивираат младите да го продолжат своето образование во енергетскиот сектор, а воедно и да се развие човечкиот капитал и неговиот квалитет во оваа област. Потенцијални приматели на стипендијата се талентирани студенти и студентки што успешно ја започнуваат студиската година на факултетите каде што постои електроенергетска наставна насока и ги исполнуваат поставените критериуми.

Критериуми за аплицирање:
- студенти или студентки на ФЕИТ или УКЛО, електроенеретска насока
- запишани во било која студиска година, влучително и прва година
- успешно полагање на испитите од актуелната студиската година
- просек?

Во моментот нема тековен оглас за програмата

ЛОСТ програма

Програмата за стипендии „ЛОСТ“ е наменета за студентки и студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електроенергетските насоки на било кој од техничките факултети во земјава. Преку оваа програма ЕВН одвојува по 10.000 денари месечно за секој од учесниците и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.

Критериуми за аплицирање:
- студенти или студентки на ФЕИТ или УКЛО, електроенеретска насока- запишани во било која студиска година, влучително и прва година
- успешно полагање на испитите од актуелната студиската година
- вкупни месечни примања на семејството пониски од две минимални плати

Секоја година предвидено е да се поддржат 10 студентки и студенти. Можност да добијат стипендија имаат и кандидатки и кандидати кои за прв пат сакаат да се запишат на факултет. Услов за добивање на стипендија е уписот на соодветните факултети. Обврска на стипендистите е редовно да ги полагаат испитите од тековната година.

Аплицирањето е во тек! Кликнете тука за повеќе информации

Сите заинтересирани своите прашања и апликации можат да ги испратат електронски на [email protected].